Могерини: Мој приоритет е приближување на западниот Балкан кон ЕУ

Од:

Приближувањето на земјите од западен Балкан кон Европската Унија ќе биде еден од моите два приоритети за работа во наредниот период, заедно со зацврстување на безбедноста и одбраната на Унијата. изјави синоќа високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.

Во обраќање на годишната конференција на Институтот за безбедносни прашања на ЕУ во Брисел, Могерини нагласи дека приближувањето на западниот Балкан е „неповратен процес“ и прашање од стартешки интерес за Унијата, со што воедно ќе се реализира идејата за обединување на европскиот континент.

– Тоа не го велам затоа што на Балканот гледам како на проблематичен регион, туку затоа што сметам дека тоа е подрачје со најголем потенцијал, потенцира Могерини.

Според неа, во земјите од западен Балкан постои „многу импресивно ниво“ на посветеност кон ЕУ, бидејќи во нив довербата во Унијата е поголема отколку во некои членки на блокот.

– Имаме огромно влијание во регионот, кое недоволно го користиме. Во просек таму имаме посветени раководства, кои се подготвени да се ангажираат, но и не прашуваат дали сме ние посветни и конзистентни, потенцира Могерини, додавајќи дека доколку ЕУ не се ангажира на Балканот, тоа „ќе го направи некој друг“.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ