Министрите за надворешни работи од Западен Балкан се собираат во Софија за меѓународната конференција

Од:

Копретседателот на Партијата на европските либерали АЛДЕ и европратеник Илхан Ќучук во изјава за дописникот на МИА од Софија изјави дека во вторник ќе се одржи конференција за зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ, насловена „ЕУ се среќава со Балканот“. Лекцијата од Украина: Европското проширување – заштита од војна“.

Во Софија веќе пристигнуваат учесниците и министрите за надворешни работи на некои од земјите од Западен Балкан, а други се очекува вечерва или утре пред форумот да бидат во Софија.

Настанот ќе го отвори Илхан Ќучук, заедно со Даниел Кадик, извршен директор на Европскиот либерален форум и поранешниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси, претседател на влијателниот Атлантски клуб на Бугарија.

Учесниците на форумот ќе се фокусираат на поврзаноста меѓу земјите од Западен Балкан како гарант за отпорност кон новите ризици и закани.

За учество на форумот во Софија пристигнуваат министрите за надворешни работи на Северна Македонија (Бујар Османи), Косово (Доника Гервала), Албанија и Босна и Херцеговина (Бисера Турковиќ), како и министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска.

Заедно со нив учество ќе земат еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, како и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на британската влада за Западен Балкан Стјуарт Пич.

Видео обраќање до учесниците ќе има генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како и вицепремиерката на Украина Олга Стефанишина.

Оливер Вархеји ќе има разговори со бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател