Министерот за здравство на Бугарија ќе предложи продолжување на вонредната состојба

Од:

Властите во Бугарија денес најавија продолжување на вонредната состојба во земјата поради новиот рекорден број на починати од коронавирус, пренесе националната телевизија НОВА.

Во последното деноноќие во Бугарија од Ковид-19 починаа 18 лица, додека 65 се наоѓаат во интензивните одделенија поради влошена здравствена состојба. За 24 часа, во земјата беа потврдени 99 нови случаи.

Бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов смета дека продолжувањето на мерката е оправдана сооглед на новонастаната ситуација.

Како што рече министерот, мерката треба да трае до крајот на септември, а извештајот заедно со предлогот ќе биде доставен до Владата, во среда.

„Вонредната состојба ќе биде продолжена. На состанокот на Владата, што најверојатно ќе се одржи утре, ќе доставиме извештај во кој се бара продолжување на вонредната состојба до крајот на септември“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори