Милановиќ: Предавник е секој оној од Хрватска кој ќе гласа за санкции кон Додик

Од:

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска се спротивстави на потенцијалните европски санкции против српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, објаснувајќи дека Додик е соговорник на Хрватска.

-Ако некој од Хрватска гласа за тие санкции, тој за мене е предавник. Тогаш јас ќе ја претставувам Хрватска во Европскиот совет“, им изјави Милановиќ на новинарите на прашањето за предлогот и ЕУ, по примерот на САД, воведат санкции за Додик.

Милановиќ оцени дека Додик „не е етнонационалист, не е шовинист и не шири етничка омраза“, пренесе Хина.

Запрашан за прославата на Денот на РС, која се славеше на 9 јануари, Милановиќ рече дека тоа е „многу лошо избран датум“.

-Ќе ги прогонува како темна сенка, како мермерен камен. Тоа е датумот кога Хрватите и муслиманите беа на колена, по што следеа ужасни злосторства на просторите на денешна Република Српска, рече Милановиќ.

Хрватскиот претседател додаде дека РС е формирана во Дејтон и дека требало да избере датум поблиску до потпишувањето на Дејтонскиот договор.

-РС требаше воено да биде уништена во средината на октомври 1995 година, кога хрватската армија, само затоа што така беше предложено или кажано, не влезе во Бања Лука. За што тогаш ние би разговарале, запраша хрватскиот претседател.

Тој додаде дека следело потпишувањето на Дејтонскиот договор и формирањето на РС, што тогаш го потпишал хрватскиот претседател Фрањо Туѓман. Милановиќ додаде дека тоа тој го „прифаќа“.

Претседателот на Хрватска, кој во последните месеци неколку пати го бранеше Додик, денеска го критикуваше лидерот на Партијата за демократска акција, Бакир Изетбеговиќ, изјавувајќи дека „краде време“ за да не се менува изборниот закон што ги дискриминира Хрватите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари