Милановиќ: Хрватска ја принуди Унгарија да ги прифати бегалците

Од:

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска изјави дека Хрватска ја принудила Унгарија да ги прими бегалците и дека тоа ќе го прави и во иднина.

– Со Унгарија немаше договор. Ги принудивме да ги примат бегалците така што ги испративме луѓето таму, тоа ќе го правиме и понатаму, изјави хрватскиот премиер за време на посетата на Бел Манастир, јави „Јутарњи лист“.

Милановиќ за проблемот со бегалците ги повика и Грција и Турција.

– Проблемот со бегалците е во Грција и Турција. Преку грчките острови минуваат 75-80 проценти од сите мигранти. Тоа треба да се спречи, ЕУ тоа треба да го преземе, изјави Милановиќ.

Синоќа 40 хрватски полицајци проследија воз со околу 800 мигранти на унгарска територија.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами