Милан Бандиќ нема право да оди на работа, но може да се занимава со политика

Од:

Загрепскиот градоначалник, Милан Бандиќ, кој вчера беше ослободен од притвор откако плати кауција од два милиона евра, нема право да оди на работа и да присуствува на седниците на градскиот совет, потврди денеска за порталот Индекс претседателот на судот Иван Тудуриќ.

Бандиќ не може да контактира ниту со 180 сведоци, кои имаат било каква врска со неговото кривично дело- корупција.

Интересен е податокот дека иако да не може да оди на работа, загрепскиот градоначалник слободно може да комуницира со својата заменичка Сандра Свалек.

– Во принцип може, ако таа не е сведок, рече судијата Тудуриќ.

А, доколку сака, Бандиќ може да се занимава и со политика, па дури и да се кандидира на претседателските избори на 28 декември.

По еден месец минат во притвор Бандиќ денеска го имаше својот прв ден слобода, што го мина активно, трчајќи 12 километри со свои пријатели. За цело време тој беше опколен од камери, новинари и граѓани, но одби да даде коментар за својата моментална кривично-правна и политичка ситуација.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами