Мета: Со нетрпение го очекувам заокружувањето на изборните реформи до 31 мај

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета изјави дека ќе го потпише указот за новиот изборниот законик и оти со нетрпение го очекува негово заокружување до 31 мај од страна на политичкиот совет, составен од претставници на власта и опозицијата.

-Што се однесува до Изборниот законик, задоволен сум, ги следам случувањата. Има напредок и со нетрпение чекам страните да го одржат дадениот збор и со консензус да ги усвојат промените што ги бара ЕУ на прво место, но и другите партнери. Веднаш ќе ги потпишам овие измени за да можеме да им дадеме добри вести од Албанија и Тирана на граѓаните и партнерите, рече Мета.

Што се однесува за датумот на изборите тој вели дека нема да прави консултации за тоа.

-Мора да се оди со духот на консензус. Ќе му се обратам на демократскиот свет за да ги набљудуваат следните избори,- посочуваМета.

Вчера европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји им порача на албанските политички партии да ја заокружат изборната реформа, зашто на патот на Албанија кон ЕУ од суштинско значење е да ги заврши реформите без дополнително одложување.

И шефот на мисијата на ОБСЕ во Албанија, Бернд Борхард, тој ги повика сите партии во Политичкиот совет за изборни реформи да продолжат на патот на изнаоѓање конструктивни компромиси и да ги финализираат изборните реформи, за доброто на Албанија и нејзините аспирации за интеграција.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија