Мета: Албанија се празни, фирми се затвораат, ама затоа администрацијата се полни пред избори

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета преку објава на Фејсбук оценува дека економската состојба во земјата е најлоша од 1991 година, но државната администрација не застанува со фиктивно вработување, во пресрет на изборите на 25 април.

– Албанија се празни, бизнисите се затвораат, но администрацијата се зголемува. Во услови кога драматичното темпо на депопулација на земјата не запира ниту во пандемија, кога економската состојба во земјата е најлоша од 1991 година и според официјалните податоци затворени се најмалку 50 илјади работни места, поради Ковид-19, зголемувањето на државната администрација со нови фиктивни вработувања, во пресрет на изборите на 25 април, значително напредува, наведува Мета.

Додава дека според официјалните податоци за вработување (платен список од Генералната управа за даноци) во последниот квартал на 2020 година, бројот на вработени во државната администрација достигнал 182.500 лица, што е зголемување за околу 10 илјади споредено со бројот на вработени во третото тромесечје.

Податоците од теренот, нагласува, отворено зборуваат за создавање нови фиктивни работни места, со кршење на законот „само за изборни цели, во замена за гласови на 25 април“.

-Товарот на овие неодговорни трошоци паѓа на грбот на сите граѓани на Албанија, кои со своите даноци се принудени да плаќаат вештачко зголемување на администрацијата. Трошоците за изборно вработување ги плаќаат директно и деловните субјекти, кои поради пандемијата се на работ на опстанок, во отсуство на финансиска поддршка од државата, обвини тој.

Според него, фиктивните изборни привремени вработувања имаат за цел повластен третман на приврзаниците и членовите на сегашните мнозински политички форуми, со цел „ангажирање на администрацијата и државните ресурси во предизборието“.

-Користењето на државата за изборни цели е уште еден сериозен и скандалозен доказ за деградација и компромис на реформата на јавната администрација од страна на се уште актуелниот премиер. На 25 април, убеден сум дека сите албански граѓани ќе учествуваат масовно на историскиот референдум за да се казни еднаш засекогаш деградацијата на администрацијата, злоупотребата на даноците и буџетот, како и да се ослободи државата од заложништво, додава Мета на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија