Меркел следната недела во посета на Атина

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел на 10 и 11 јануари ќе престојува во посета на Грција.

Предвидено е Меркел да се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас, а ќе биде примена и од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос.

Меркел ќе оствари средба и со лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.

Заменичката портпаролка на германската Влада, Мартина Фиц најави дека на агендата на раговорите ќе се најдат билатералните односи и европски и меѓународни прашања.

Грчките медиуми споменуваат дека и Договорот од Преспа ќе биде една од темите за кои ќе разговара Меркел со грчкиот државен врв, а Фиц, според АНА-МПА, прашана за тоа дали и договорот ќе биде на агендата, ја истакнала поддршката на Берлин за затворање на деценискиот спор меѓу двете земји.

– Не можам од сега да кажам дали канцеларката ќе разговара за ова прашање во Атина, но можам да кажам дека уште од почеток германската Влада го поздравува договорот за решавање на спорот за името и продолжува да се надева дека овој децениски спор може конечно да се реши. Сега треба да ја чекаме уставната промена во Скопје и ратификацијата во Атина, изјавила Фиц.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Грција воведува шестдневна работна недела