Меркел: Грција да ги исполни обврските

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел е јасна, Грција да ги исполни обврските. Ова му го соопштила на грчкиот премиер Андонис Самарас.

„Знаеме дека бараме многу од Грците. Тие се во пустина пет години и им треба нашата поддршка. Еврото е повеќе од парична единица. Тоа е идеја за обединета Европа. Сакаме Грција да остане во еврозоната“, изјави Меркел

Самарас вети дека Грција ќе покаже резултати, ќе се ослободи од дефицитот и ќе ги исполни преземените обврски.

„Ние веќе ги исполнуваме нашите обврски“, рече Самарас.

Тој изјави дека Грците се „горд народ и оти не сакаат да живеат од пари што ги позајмуваат од други“, додавајќи дека земјата има ресурси кои ќе се обиде да ги искористи.

Грчкиот премиер утре во Париз ќе се сретне и со францускиот претседател Франсоа Оланд.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски