Меморијалниот центар Поточари годишно го посетуваат 120.000 луѓе

Од:

Ал Џезира Балкан – Сараево

Меморијалниот центар Сребреница-Поточари, Спомен одбележје на жртвите на геноцидот од јули 1995 година, годишно го посетуваат 120.000 посетители од Босна и Херцеговина, но и целиот свет, вели Хасан Хасановиќ, кустос во Меморијалниот центар, кој го преживеа геноцидот во јули 1995 година.

– Тој број се зголемува од година во година, посебно бројот на странците. Најголем број на посетители се од Босна и Херцеговина, поточно од ентитетот Федерација Босна и Херцеговина. Од странските посетители тука се луѓе од Турција, Италија, Велика Британија, САД, Германија…, но има посетители и од други држави кои и не се толку застапени, вели Хасановиќ за Анадолија.

Со Хасановиќ работат уште двајца луѓе. Според него, кога доаѓаат во посета на Меморијалниот центар, посетителите сакаат да знаат за се она што може да им се понуди.

Доаѓаат да посведочат

– Кога доаѓаат во посета на Центарот, одржуваме историски час, некогаш на наш јазик, а некогаш и на англиски, зависи од каде е посетата. Ги посетуваат гробиштата, галеријата на фотографии, потоа одат во поранешната холандска база, каде е во тек изградба на вториот дел на Меморијалниот центар. Тука ја посетуваат спомен собата, каде гледаат филм, 20 лични приказни и изложба на ѕид, истакна Хасановиќ.

Како што вели, секоја група на посетители е поинаку упатена во настаните во Сребреница и Поточари.

Некоја група знае помалку, некоја повеќе, зависно од нивните професори, значи, колку ги подготвуваат, од сериозноста на универзитетот, факултетот од кој доаѓаат. Некогаш, навистина доаѓаат подготвени за многу работи. Така ова им доаѓа само како дополнителна надградба.

Меѓутоа, некогаш доаѓаат и такви кои не знаат речиси ништо за она што се случило. Кога се во прашање странци, тоа се главно студенти, ученици, а доаѓаат и туристи, иако тешко можат да се наречат туристи. Тие можеби како туристи дошле во Босна и Херцеговина, но во Сребреница дошле со цел да посведочат, да видат лично и да се уверат во она што се случи во јули 1995 година, вели Хасановиќ.

Минатата година во рамки на Меморијалниот центар е отворен Сенсе – Документациски центар на Сребреница во соба за аудио-видео презентации.

Целта на Документацискиот центар е со помош на изјави на сведоци и други докази за судења, да се прикаже како настаните од јули 1995 година се истражени, реконструирани и процесуирани пред Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија.

На гробиштата е закопано и бебе

Првата џеназа во Поточари е извршена на 31 март во 2003 година. Тогаш во Меморијалниот центар беа закопани 600 посмртни останки на жртвите на сребреничкиот масакр. Таа година извршени се уште две џенази, а Центарот официјално го отвори поранешниот американски претседател Бил Клинтон на 20 септември.

Мир на душите во Поточари во изминатите години најдоа 6.166 жртви и 75 лица за кои семејствата изразија желба да бидат закопани до таткото, синот, мајката, сестрата…

Најмладата жртва е бебето на Хава и Хајрудин Мухиќ, Фатима која е закопана заедно со 408 идентификувани жртви пред две години. Хава Мухиќ девојчето го родила во базата на холандските сили во рамки на УНПРОФОР, по падот на Сребреница, во ноќта на 12 спроти 13 јули во 1995 година.

Би можело да ве интересира

Договорен текстот на резолуцијата за Сребреница – ќе се гласа во Обединетите нации

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов