Мечка предизвика паника на Халкидики: Ѕверот е виден на чекор од куќите и игралиштата

Од:

Во планинското село Таксиархис на грчкиот полуостров Халкидики повторно се појави истата машка мечка која неодамна предизвика паника меѓу жителите.

Овој пат, дивото животно било видено на камен од куќите и игралиштата, пред да исчезне во клисурата.

Селаните биле вознемирени и веднаш ги известиле надлежните кои се во готовност, објави порталот ЕПТ.

Според грчките медиуми, во околината на селото Таксиархис редовно се појавуваат мечки, а последен пат возрасен мажјак нападнал кошници со пчели и изел поголемо количество мед, а потоа зел и две овци од шталата.

Сопственикот на добиток Димитрис Ланарис истакна дека мечката прво влегла во шталата минатиот четврток навечер и зела овца, а потоа две ноќи подоцна се вратила и зела друго животно.

На прашањето од каде знае дека тоа е мечка, а не некое друго диво животно, тој одговори дека волкот, на пример, не само што ќе земе една овца, туку ќе убие десетици одеднаш.

„Поставив дополнителна ограда за да ги заштитам моите животни и наместо да ги пуштам надвор како порано, ги чувам внатре, што дефинитивно влијае на нивната благосостојба. За жал, не можам да го сторам тоа на друг начин, со оглед на околностите, забележува Ланарис.

Претседателот на локалната заедница Такиархис, Јанис Ксакис, потсетува дека мечката првпат се појавила на овој простор пред неколку месеци, напаѓајќи главно кошници со пчели.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Мечка се појавила во штала во гостиварско Форино

Катерина Ѓуровски

Мечка нападнала дански турист на Шар Планина

Орце Костов

Грција бара екстрадиција на македонскиот државјанин осомничен за убиството на Халкидики

А1он

ВИДЕО: Чувар во хотелот го нападна голема мечка

Предраг Петровиќ