Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Од:

Жена (31) од Белорусија починала откако била ловена од мечка на северот на Словачка, пишува Би-Би-Си. Словачката планинска спасувачка служба соопшти дека телото на жената било извлечено од шума во планините Ниски Татри.

Жена се шетала со маж кога се соочиле со мечка. Според зборовите на мажот, тој и жената избегале во различни правци. Областа има густа шума и стрмни клисури.

Словачките власти соопштија дека жена и маж се шетале во долината Демановска кога мечката почнала да ги брка. Телото на жената го открило куче трагач.

Мечката се уште била во близина, а планинската спасувачка служба ја исплашила со предупредувачки истрели од пушка. Се уште не е јасно дали жената паднала и умрела или била убиена од мечка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Мечка се појавила во штала во гостиварско Форино

Катерина Ѓуровски