Маж влетал со секира во даночна служба во грчкиот град Козани и повредил три лица

Од:

Од засега непознати причини, во даночната служба во грчкиот град Козани, влетал маж и со секира им нанел повреди на тројца службеници, додека пак една жена се повредила во обид да избега, објавија грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничата на МИА од Атина.

Според истите информации, мажот на возраст од околу 45 години влегол регуларно, оставајќи ги неговите податоци, се качил на вториот кат, каде што ја извадил секирата што ја носел во ќеса и започнал да ги напаѓа службениците.

Полицијата го уапсила сторителот, а хоспитализиран се четири лица, тројца повредени во нападот, од кои еден е во сериозна состојба и една жена која паднала по скали во обид да избега.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски