Маж почина во собата за сослушување во седиштето на загрепската полиција

Од:

Смртта во собата за сослушување во седиштето на криминалистичката полиција на улицата Хајнчелова во Загреб вчера околу 17 часот ги шокираше сите присутни.

Имено, во службените простории во текот на кривичната истрага ненадејно му се слошило на 46-годишниот Д.В. кој бил уапсен за закани.

Брза помош многу брзо пристигнала во зградата на полицијата, но сите напори биле залудни бидејќи човекот за кратко време почина.

– На кривичната истрага и претходеше настан во утринските часови на подрачјето на Трешњевка. Еден граѓанин побара полициска акција поради однесувањето на 46-годишникот на улица, бидејќи рекол дека ќе им наштети на другите, но и на себе. Во текот на постапката, полициските службеници врз мажот не употребиле сила, туку како превентивна мерка бил врзан, по што бил пренесен во здравствена установа за укажување лекарска помош – велат од Полициската управа во Загреб.

Оттаму додаваат дека по прегледот бил отпуштен од здравствената установа со мислење дека е способен дополнително да биде дел од кривичната истрага.

Неговото тело е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика заради утврдување на точната причина за смртта.

Како што неофицијално наведуваат од Јутарњи лист, тој веќе имал медицинска историја и претходно бил лекуван.

Загрепската полиција нагласува дека се уште ги утврдува сите околности кои му претходеле на трагичниот настан.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари