Масовно труење со брза храна во Смедерево

Од:

Многу жители на српскиот град Смедерево денеска побарале лекарска помош поради симптоми на труење со храна, објави Б-92, наведувајќи дека бројот на затруени, во зависност од изворите, се движи меѓу неколку десетини па до двесте.

Директорот на градската болница, Горан Куљанин, изјави дека се згрижени 48 лица, вклучувајќи две бремени жени. Лицата што се жалеле на повраќање, дијареја и мачнина рекле дека преходно јаделе плескавици и пица во разни места во градот.

На детското одделение биле примени вкупно 16 пациенти. Никој од нив не е во тешка состојба, а повеќето се пуштени на домашно лекување.

Би можело да ве интересира

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on

Паралелна евиденција и семејно гласање – дел од нерегуларностите на избирачките места низ Србија

A1on