Маскирани лица нападнале возило на новинари во Северна Митровица, им фрлале тврди предмети

Од:

Службеното возило во кое се наоѓале новинари на порталот на албански јазик „Калѕо“ (Kallxo.com), кои известувале за распоредувањето на косовската полиција во Северна Митровица, е нападното утрово од страна на маскирани лица во близина на тамошното Техничко училиште, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од порталот информираат дека во тој момент во возилот се наоѓале две лица – продуцентот Валдет Салиху и новинарката Шкодране Дакај, а врз нив, како што велат, се фрлени неколку тврди предмети.

На снимката што ја објави „Калѕо“ се гледа како едно од маскираните лица трча кон автомобилот, а медиумот наведува дека новинарите успеале да побегнат во правец на другиот дел на Митровица и не им се нанесени повреди.

Случајот е пријавен во полициската станица во јужниот дел на поделениот косовски град.

Во врска со случајот се огласи и Здружението на новинари на Косово (АГК), кое го осуди нападот и побара безбедност за новинарите.

– АГК најостро го осудува нападот и повторно бара од косовската полиција да се погрижи да обезбеди соодветни безбедносни услови за известуваање на новинарите од тој дел на земјата. АГК е длабоко загрижено за безбедноста на новинарите по денешниот напад во северна Митровица, се вели во објавата на Фејсбук на АГК.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов