Во доказната постапка за одбрана на поранешниот претседател на Република Српска (РС) Радован Караџиќ, за идната недела е најавено сведочење на Милан Мартиќ.
Од јануари 1991 до август 1995 година, Мартиќ се наоѓаше на различни раководни функции, беше претседател, министер за одбрана, министер за внатрешни работи во Српската автономна област САО Краина и Република Српска Краина (РСК).
Поради злосторства во Хрватска, тој во Хашкиот трибунал е осуден на 35 години затвор, а на издржување на казната е упатен во Естонија.
Сведочењето на Мартиќ беше најавено за почетокот на март, но исказот е одложен поради неговото барање во судницата да присуствува и адвокатот Предраг Милованчевиќ, кој го застапуваше во првостепената и жалбена постапка во Хаг.
На Караџиќ му е потребно сведочењето на Мартиќ заради побивање на исказот на Милан Бабиќ кој од август 1991 до февруари 1992 година беше на функцијата премиер на САО Краина, а потоа претседател на РСК.
Бабиќ во март 2006 изврши самоубиство во Шевенинген, за време на сведочењето во постапката против Мартиќ.
Бабиќ во Хашкиот трибунал 2004 година, ја призна вината за прогони и беше осуден на 13 години затвор. Неговата изјава е понудена во докази во предметот на Караџиќ во рамките со правилата од Правилникот на трибуналот кое се однесува на починати сведоци.
Според изјави на сведоци, Мартиќ ќе сведочи дека Караџиќ се залагаше за зачувување на Југославија со примена на мирољубови и дипломатски средства, дека беше особено толерантен човек кој не ги мразеше муслиманите или хрватите и немаше намера да создава етнички чиста српска територија.
На судењето на Караџиќ исказот најпрвин би требало да го доврши поранешниот командант на Сараевско –романијскиот корпус (ВРС), генерал Станислав Галиќ.
Тој во Трибуналот е осуден на доживотен затвор, а на издржување на казната е упатен во Германија.
На судењето на генералот Ратко Младиќ, во вторник обвинителството ја продолжи доказната постапка.
На списокот сведоци се поранешниот заменик командант на Холандскиот баталјон на Унпрофор, Роберт Франкен, поранешен правен референт на Братунечката бригада ВРС, Златан Ќерановиќ, поранешен припадник на воената полиција Братуначки бригади, Миле Јањиќ и еден заштитен сведок.
Доказната постапка на обвинителството продолжува и на судењето на Горан Хаџиќ, обвинет за прогони на несрпското население од источна Хрватска од јуни 1991 до крајот на декември 1993 година.
Хаџиќ беше претседател на владата на Српските автономни области Славонија, Барање и западен Срем а потоа претседател на Република Сао Краина.
Трибуналот во март ја прогласи за затворена постапката против поранешниот помошник командант на Главниот штаб на ВРС за морал, правни и верски прашања, Милан Гвер, кој во февруари годианва почина во Белград.
Елена Георгиевска