Макрон: Европа треба да биде солидарна со Балканот и Африка во борбата против пандемијата

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон на прес конференцијата во Елисејската палата по самитот на ЕУ, синоќа истакна дека Европа треба да го преземе својот дел во меѓународната солидарност во борбата против светската пандемија.

-Пред една година ние ја лансиравме иницијативата Акт А – солидарност за Африка. Јасно е дека ние имаме потреба да ја изградиме солидарност кон нашите соседи, особено кога станува збор за Балканот и Африка, рече францускиот претседател.

Таа солидарност, додаде тој, се темели на санитарна помош, на вакцините, третманот, дијагнозите, поддршката на примарниот здравствен систем, производството на целиот овој материјал, а, исто така, и на економската поддршка, како што ние почнавме да го правиме и ќе продолжиме.

Во однос на вакцините, тој потсети дека ја бранел идејата на Франција на последниот самит на Г7 и да одговори на повикот на СЗО, МО на Франкофонијата и Африканската Унија и Европскиот парламент

-Ние денеска потсетивме дека нема да го победиме вирусот, доколку успееме само да развиеме кампања на вакцинирање на целата планета и особено кај нашите соседи, особено во Африка, додаде Макрон.

Францускиот претседател притоа појасни дека дозите кои Франција ќе и ги отстапи на Прага, не се дел од таа меѓународна солидарност, односно таа која ќе биде насочена кон земјите од Балканот. Засега не се зборува за бројот на дозите наменети за земјите од Балканот.

Во ЕУ, вакцинацијата почна на крајот на декември.

Северна Македонија исто така се надева дека ќе обезбеди испорака на вакцината АстраЗенека во март преку системот Ковакс.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски