Македонец со „клио“ прегазил дете на пешачки во Загреб

Од:

Полицијата во Загреб објасни како вчера дојде до сообраќајна несреќа на улица во Нови Загреб во која настрада дете.

Вчера наутро нешто пред осум часот автомобил налета на девојка која одеше на училиште. Таа заврши во болница со тешки повреди.

„Дваесет и петгодишен државјанин на Северна Македонија управувал автомобил „рено клио“ со загрепски регистерски таблички и се движел по средната сообраќајна лента кон правиот јужен коловоз на улицата Ватиканска во источен правец. При пристигнувањњто на раскрсницата со улица Св. Матеја, не се приближил со безбедна брзина до обележаниот пешачки премин за да може возилото што го управувал навреме да застане за да ги пропушти пешаците кои веќе влегле на обележаниот пешачки премин. Во таа прилика не застанал, туку поминал покрај автобусот кој поради минување на пешак бил запрен на десната сообраќајна лента и при кочење и избегнување судир со возилото свртел лево во североисточен правец и потрчал во дете-пешак кое минувало на споменатиот коловоз движејќи се преку обележан пешачки премин, опишува полицијата.

Во сообраќајната несреќа детето се здобило со тешки телесни повреди, на кое му била укажана лекарска помош во загрепската клиничка болница.

За предизвикување на сообраќајната незгода, против возачот е поднесена кривична пријава до надлежното државно правобранителство поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување сообраќајна незгода во патниот сообраќај“ од член 227 ставови 1 и 2 од Кривичниот законик, а во законскиот рок ќе му биде предаден на надзорникот на притворот, додаваат од полиција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

На медицинските сестри им се слошило во загрепска болница, итната помош била затворена пет часа

Горан Наумовски

Заладување во регионот, снег во Загреб и Бања Лука

29-годишен Прилепчанец загина во сообраќајна несреќа на Плетвар

Орце Костов

Два земјотреси го погодија Загреб: Имаше татнеж, па креветот многу се тресеше

Во Загреб: Се активираше свлечиште на влезот во претседателската палата, стигна реакција од кабинетот на Милановиќ