Лукшиќ: Подигната готовноста на црногорските безбедносни служби

Од:

Црна Гора ја подигна готовноста на сите служби на повисоко ниво и ја зајакна комуникацијата со колегите во регионот, изјави денеска црногорскиот министер за надворешни работи и европски интеграции Игор Лукшиќ по повод случувањата во Македонија, јави Радио Телевизија на Црна Гора.

Тој наведе дека уште во саботата разговарал со шефот на македонската дипломатија Никола Попски, како и со министрите од регионот.

Лукшиќ оцени дека поради заканите од тероризам треба да се интензивира соработката во регионот.

– Поради таа причина многу е важно да ја зајакнеме соработката во регионот која добива нови форми, имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочуваме пред се во регионот, но и во Блискиот Исток, посочи Лукшиќ.

Црногорското Министерство за надворешни работи и европска интеграција изрази жалење за загинатите и повредени полицајци.

– Убиството на осум полицајци и повредените граѓани на Куманово најостро го осудуваме и го сметаме за напад врз мирот, стабилноста и безбедноста на Република Македонија, нејзиниот уставен поредок и соживотот на народот во Македонија, истакна Лукшиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски