Лидерот на Мост предлага непартиски кандидат за хрватски премиер

Од:

Првиот човек на партијата Мост, Божо Петров, денеска на двете големи коалиции им предложи заеднички за изберат непартиски кандидат за претседател на хрватската Влада, јави Хина.

– Тоа што им го предлагаме на двете партии и најважно во овој момент е консензусот на сите три страни, односно сите кои седиме заедно да избереме непартиски кандидат. Тој треба да се избере со усогласување на сите три страни, а потоа да се дефинираат и останатите работи, кој ќе биде претседател на Саборот, кои ќе бидат министри, претседатели на одборите и другите должности, но најважен е овој прв чекор, им порача Петров на лидерите на двете големи коалиции на состанокот што на пладне почна во загрепскиот хотел „Еспланада“.

Петров додаде дека станува збор за првиот, најважен чекор, и ги повика лидерите на коалицијата „Хрватска расте“, Зоран Милановиќ, и на „Татковинската коалиција“, Томислав Карамарко, да се изјаснат за неговиот предлог.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами