Лајен: Иднината на Албанија е во ЕУ, време е Унијата да дејствува

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, преку објава на Твитер го изрази своето задоволство што ја започнала балканската турнеја токму од Албанија.

Преку објавата по средбата со премиерот Еди Рама, таа истакна дека нејзината порака е јасна: иднината на Албанија е во ЕУ.

– Мило ми е што ја започнав посетата на Западен Балкан од Албанија. Мојата порака е јасна: иднината на Албанија е во ЕУ. Европската комисија силно се придржува кон оваа определба. Со добар напредок во реформите во правосудството, Албанија постигна успех. Сега ЕУ мора да го стори истото, напиша таа.

По средбата со премиерот Еди Рама во Палатата на бригадите, во претседателската резиденција претседателката на ЕК, Лајен ја прими шефот на државата Илир Мета.

Лајен и Рама ќе учествуваат на свеченото предавање во употреба на реконструирани училиште и градинка, оштетени од катастрофалниот земјотрес кој ја погоди земјата на 26 ноември 2019 година, обновени со средства од фондовите на ЕУ во рамки на програмата “EU4Schools”, по што ќе имаат заедничка прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Мета: Албанија прва во Европа по смртни случаи од Ковид, итно да се преземат соодветни мерки

Ана Ололовска

Рама: Отворен Балкан, вистинската идеја во вистинско време

Ана Ололовска

Амерканската амбасадорка побара од албанскиот Парламент да го продолжи мандатот за ветинг

А1он

Баша: Ветинг во политиката во интерес на Албанците, нека почне од мене

Ана Ололовска

Албанското население старее, во второто тромесечје пад на наталитетот за 10,6 отсто

Ана Ололовска

За американската амбасадорка во Тирана преговорите на ЕУ со Албанија и Македонија треба да почнат без одлагање

А1он