Курти за влезот на српската војска во северно Косово: Српските власти останале во 19-тиот и 20-тиот век

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека нема да се дозволи барикадите во северно Косово да останат уште долго и за нивно отстранување властите се во постојан координација со мировната мисија на НАТО, КФОР, која, како што рече, побарала уште малку време, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната церемонија по повод започнувањето на втората фаза од рехабилитацијата на пругата Косово Поле – Митровица, Курти изјави дека министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечља е секој ден во Митровица и е во постојхан контакт со Командата на КФОР за отстранување на барикадите кои ги поставија локалните Срби на патиштата кои водат кон границата со Србија.

– КФОР ни побара уште малку време, што значи дека сме во редовна координација и комуникација со нив и нема сомневање дека не ќе можеме да ги толерираме уште долго таквите барикади. Но, не заборавајте дека тоа што во последно време го прават нелегалните структури на Србија претворени во криминални банди е почетокот на нивната последна фаза, рече Курти, порачувајќи дека „државата никогаш не била повеќе на колосек“.

За барањето на срспкиот претседател, Александар Вучиќ за дозвола за влез на српската војска во сверно Косово, косовскиот премиер рече дека тоа говори повеќе за самите српски власти и дека е потврда дека „тие останале во 19-тиот и 20-тиот век“.

– Тие упатиле барање до КФОР, колку што знам, а нормално дека тоа барање е нереално и повќе говори за нив одошто за нашата земја. Никогаш немало потреба од српски војници во Република Косово, никогаш немало потрба од српски војници ниту во 20-тиот, а ниту пак во 19-тиот век. Сега нивното барање покажува јасно дека тие останале во 19-тиот и 20-тиот век, рече Курти.

Локални Срби започнаа на 10 декември блокади на патиштата и на граничните премини кон Србија во северно Косово, откако ден претходно беше приведен поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ, осомничен дека организирал напади врз канцелариите на Централната изборна комисија и на припадници на полицијата на Косово, но и врз патрола на Мисијата на ЕУ за владење на правото во Косово, ЕУЛЕКС.

Во четири општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, на 18 декември требаше да се одржат вонредни локални избори, откако досегашните градоначалници и членови на советите поднесоа оставки на функциите поради намерите на владата на Албин Курти да изрекува казни за тие што не ги смениле нелегалните српски со косовски регистерски таблички.

По притисок од западните сојузници, пред сé на САД, првин на почетокот на ноември Курти се откажа од намерата за казнување на сопствениците на српски регистерски таблчички, а подоцна, на 9 декември и претседателката на Косово, Вјоса Османи објави дека се одлагаат вонредните избори за 23 април идната година.

Според косовскиот премиер, инцидентите во косовскиот север ги предизвикуваат криминални групи, диригирани од српскиот претседател Александар Вучиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Притисокот врз малите земји е се поголем и позабележителен, ќе ја продолжиме борбата

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Вучиќ: Српскиот народ никогаш нема да се согласи на притисоци и бесмислени обвинувања