Курти: Сакав да го потпишам договорот, Вучиќ одби

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти по средбата во Брисел изјави дека е подготвен да го потпише договорот.

„Јас изразив волја и интерес да го потпишам овој текст, но српската страна одби“, рече Курти, додавајќи дека во Брисел ништо не е потпишано.

Како што наведе, потврдата за прифаќање на текстот требало да заврши со потпис, но српската страна не го сторила тоа.

Според него, средбата била конструктивна, но не завршила со договор.

Тој додаде дека во наредните денови ќе има уште една средба, како и разговори со дипломатите на ЕУ.

„Имавме позитивен, конструктивен состанок во Брисел и оваа средба беше потврда дека европскиот предлог е прифатлив и непроменлив. Претходно кажав дека тоа е добра основа и сега ќе продолжиме да разговараме за планот за имплементација“, рече Курти.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања