Курти од косовски Че Гевера до премиер – кожњак, долга коса, локни

Од:

Од водач на студентските протести против Слободан Милошевиќ во Косово, преку политички дисидент и член на Ослободителната војска на Косово (ОВК), до новиот премиер на Косово – Аљбин Курти.

Својата репутација и прекар, Косовецот Че Гевара, ги стекнал водејќи улични протести, борејќи се против режимот што му донесе затворски казни, но остана запаметен и по фрлањето солзавец во парламентот.

Курти денеска за себе вели дека неговата политичка организација е со социјалдемократска ориентација, но во младоста бил вистински бунтовник.

Кожна јакна, долга виткана коса – водач на студентите кој организира студентски демонстрации.

Се истакнал како водач на ненасилен отпор, но набрзо бил уапсен и одлежал затворски казни во Липјан и Пожаревац.

На крајот на деведесеттите, белградскиот весник „Наша борба“ му додели награда за толеранција, но тој не ја прифати.

На почетокот на конфликтот во Косово, во август 1998 година, Курти му се придружил на поранешниот колега на неговиот татко, Адем Демаќи, тогаш политички претставник на ОВК. Курти беше уапсен за време на бомбардирањето на НАТО, наводно додека се обидувал да го напушти Косово.

По повлекувањето на српските сили од Косово во јуни 1999 година, неколку стотици затвореници, меѓу кои и тој, беа префрлени во Србија. Во март 2000 година, тој беше осуден во Ниш на 15 години затвор за тероризам.

Тој одби да се брани во овој процес, изјавувајќи дека го признава само „судот на својот народ“.

Тој не ја отслужи целата казна, бидејќи новоизбраната демократска влада ги ослободи политичките затвореници по падот на Милошевиќ во 2000 година.

Потоа го снема од јавноста, за повторно да се појави овојпат во одело, со куса коса и да стане премиер на Косово.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски