Курти: Косово има најскап зејтин во светот, цената е вештачки надуена

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти, по денешното поскапување на цената на сончогледовото масло во дел од маркетите во државата на дури 3,50 евра за литар, изјави дека Косово има најскап зејтин во светот, но дека тој пораст на цените не е резултат на реалната состојба на пазарот, јави дописникот на МИА од Приштина.

По посетата на фабриката за обработка на маслото во Гњилане, Курти изјави дека за таквото поскапување нема причини и дека тоа е резултат на желбата на дел од трговците да профитираат од светската криза предивикана од руската агресија врз Украина.

– Се работи за вештачко надувување на цената на штета на граѓаните. Нема никаква причина, ниту потреба за такво поскапување. Моментно цената на маслото во Република Косово е највисока во светот, но овие поскапувања се направени од факторот човек а не од објективната состојба на теренот. Овие надуени цени мора да се издуваат, рече Курти.

Тој апелира до граѓаните да не креваат паника, затоа што, како што информира, само во гњиланската фабрика има околу 300 илјади литри масло, кое, откако ќе се обработи, според потрошувачката во Косово, е доволно за најмалку еден месец.

– Во меѓувреме, во текот на овој месец, ќе се заложиме како влада, со пријателските држави, со нашите сојузници, да најдеме извори на сировина на необработено масло, со цел, по обработката кај нас, да нема недостиг на пазарот, изјави Курти.

Тој додаде дека инспекторите вршат документирање на можните прекршувања на законите за заштита на потрошувачите и ќе се преземат соодветни мерки, не само против злоупотребите, туку и за спречување на натамошните прекршувања.

Цената на сончогледовото масло во текот на вчерашниот ден во Косово се покачи од околу 1,60 на 2,30 евра, а само 24 часа подоцна во голем број продавници се продаваше со цена од 3,49 евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски