Курти: Извршен е терористички напад, убиен е еден косовски полицаец

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека во нападот на косовската полиција утринава во три часот по полноќ во селото Бањска во Лепосавиќ убиен е еден полицаец, а друг е повреден.

Како што наведе, загинал полицаец со чин наредник, а повреден е припадник на граничната полиција.

„Напаѓачите се професионалци со маски и вооружени со тешко оружје. Го осудуваме овој криминален и терористички напад. Организираниот криминал со политичка, финансиска и логична поддршка на официјален Белград ја напаѓа нашата земја“, рече Курти.

Тој додаде дека криминалците и нивните команданти ќе бидат фатени, осудени и казнети.

„Владата на Република Косово и државните институции се подготвени и обединети да одговорат на криминалот и криминалците, теророт и терористите. Косовската полиција го известила семејството на убиениот полицаец А.Б. Повредениот полицаец е надвор од животна опасност“, соопшти Курти.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски