Курдски бунтовници киднапирале 10 деца во источниот дел на Турција

Од:

Бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) киднапирале 10 деца во округот Муш, во источниот дел на Турција.

Триесетмина вооружени борци на ПКК ноќта во неделата влегле во селото Чатекле и им наредиле на жителите да се соберат пред селската џамија.

Тие соопштиле дека ќе земат со себе 10 деца на возраст меѓу 12 и 15 година, меѓу кои и едно девојче. Бунтовниците изјавиле дека децата ќе бидат обучувани за борци на ПКК.

Гувернерот на округот, Ведат Бјукерсој истакна дека за случајот е започната истрага.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски