Курц: Балканот приоритет, да се прекинат преговорите со Турција

Од:

Западен Балкан за Австрија е клучен приоритет во нејзината надворешна и европска политика, како и за нејзиното претседавање со ЕУ, рече австрискиот канцелар Себастијан Курц. Во исто време тој се заложи за итен прекин на пристапните преговори со Турција.

Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, Себастијан Курц рече дека „обезбедувањето искрени перспективи и веродостоен пат кон ЕУ за земјите од Западен Балкан, ќе служи на политичките, економските и безбедносните интереси на блокот”.

Австрискиот канцелар го поздрави договорот Атина и Скопје за новото име на Македонија и истакна дека Австрија го поддржува проширувањето на ЕУ со Западен Балкан, како што тоа беше претставено од еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.

– Топло го поздравуваме договорот на двете страни. Тој покажува дека упорни преговори и дипломатија даваат резултат, рече Курц.

Од друга страна, Курц смета дека ЕУ треба да ги прекине преговорите за пристап со Турција и да бара поинаков вид соработка со таа земја.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија