Кривокапиќ: Ќе продолжам да носам одлуки

Од:

Црногорскиот премиер во заминување Здравко Кривокапиќ на владината седница одржана на 2 февруари изјави дека не е обврзан со „правната категорија“ за техничка влада и дека неговиот кабинет ќе продолжи да носи одлуки во полн капацитет се додека не се избере нова влада, пишува весникот Побједа.

Извор на весникот наведува дека Кривокапиќ истакнал дека Владата е во полн мандат додека не се избере нова.

Седницата на Владата на Црна Гора на 2 февруари ја напуштија веднаш по отворањето вицепремиерот Дритан Абазовиќ и министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ, а правните експерти и опозицијата го предупредија Кривокапиќ да не носи важни одлуки во техничкиот мандат на Владата, наведува Побједа.

На 4 февруари, Собранието на Црна Гора и изгласа недоверба на Владата на Кривокапиќ со гласовите на 43 пратеници на опозицијата и владејачката коалиција „Црно на бело“ (Граѓанско движење УРА и ЦИВИС).

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора