Крихбаум: Црна Гора се поблиску до НАТО

Од:

Претседателот на Одборот за европски работи на Бундестагот, Гинтер Кринбаум изјави дека меѓу земјите-членки на Европската унија има замор од проширувањето, но оти оптовареноста на ЕУ со сопствените проблеми не може да влијае на динамиката на интеграција која е многу важна за Балканот, но и за ЕУ и НАТО.

– Црна Гора е важна држава во регионот, на која НАТО и е на дофат на раката и за неколку години ќе стане членка на ЕУ, така што уморот и оптовареноста на ЕУ со сопствените проблеми не може да влијае на динамиката на интеграците, истакна Крихбаум во интервју за подгоричкиот весник „Побједа“.

Тој наведе дека Бундестагот внимателно ги следи реформите во поглавијата 23 и 24 од пристапниот договор и е задоволен од темпото, но и прредупредува дека има уште многу работа.

– Црна Гора спроведе големи реформи во делот на владеење на правото и борба против организираниот криминал и корупцијата, но тоа мора да продолжи. Ја охрабруваме Црна Гора да продолжи со реформите кои не се важни само поради Берлин, Брисел и Париз туку и поради црногорските граѓани, посочи Крихбаум.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија