Краткорочните заменети со долгорочни закупнини во Грција

Од:

Ниту краткорочните закупнини од типот на „Ербиенби“ во Грција не останаа имуни на пандемијата на Ковид-19, а последиците од коронавирусот натераа голем дел од сопствениците, недвижнините да ги пренаменат за долгорочни изнајмувања, согласно истражувањето спроведено од „Ернест и јанг“ за трговската и индустриска комора во Атина.

Според истражувањето, во одредени делови во Атина, кои до неодамна беа популарни населби на платформите за краткорочни закупнини, сега има зголемен број огласи за долгорочно изнајмување. Како пример се споменати неколку населби во кои има од 30 до 44 отсто зголемување на огласите за закупнина на поголем временски период, јави дописничката на МИА од Атина.

Вкупно 430 недвижнини повеќе не се достапни за краткорочен престој, додека пак просечната исполнетост во месец март двојно се намалила, од 82 проценти на од 41 отсто во однос на септември минатата година.

-Купопродажбата запре, платформите од типот на „Ербиенби“ доживеаја колапс, а сопствениците на недвижнините, гледајќи ги намалениот туризам и опаѓањето на приходите, се насочуваат кон долгорочни закупнини. До пред неколку месеци, во популарните туристички делови каде што имаше голема понуда на сместување од типот „ Ербиенби “, понудата на недвижнини за долгорочен закуп беше ограничена и цените на кириите на високо ниво. Сепак, денес ситуацијата се чини дека е променета. Новата реалност на пазарот на недвижности се чини дека носи зголемена понуда на станови за изнајмување, од кои голем дел се опремени, бидејќи до неодамна работеа како туристичко сместување од типот „Ербиенби“, во комбинација со намалени цени, пишува во истражувањето.

Претседателот на комората Константинос Михалос вели дека истражувањето детално ги регистрира тековните трендови во туризмот, кои за жал покажуваат дека конкретниот сектор е сериозно погоден од пандемијата.

Би можело да ве интересира

Грција од утре ги затвора границите за Србите

А1он

На атинската ривиера почнува изградбата на еден од најголемите паркови и комплекси на Медитеранот

Ана Ололовска

Грчките острови повторно горат, големи пожари на Крит и Евија

А1он

Пецас: Секои две седмици ќе се ажурира листата со трети земји за влез во Грција

Ана Ололовска

Мицотакис: Нашата цел е да го достигнеме европскиот просек на кревети на интензивна нега

Ландов

На грчките аеродроми направени над 4.000 тестови за Ковид-19

Ана Ололовска