Красниќи: Освен таксата, Косово треба да воведе и други мерки кон Србија

Од:

Поранешниот спикер на косовското Собрание и актуелен претседател на Националниот совет на владејачката Социјалдемократска иницијатива (Нисма), Јакуп Красниќи категорично се спротивставува на барањата за укинување на таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и од Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Красниќи дури оцени дека таксата е задоцнета и дека „со оглед на агресивната политика на Србија“, Косово треба да воведе и други мерки и да го услови дијалогот за решавање на споровите со соседната земја, што се води под покровителство на Европската Унија.

Поранешниот претседател на Парламентот и политички комесар на Ослободителната војска на Косово (ОВК), во интервју за приштинската агенција Косовапрес, го советува премиерот Рамуш Харадинај да не ја повлекува одлуката за таксата, бидејќи, како што наведе, меѓународниот притисок треба да се насочи кон Белград, а не кон Приштина.

– Јас мислам дека Косово треба да донесе и други мерки и можеби и да го услови дијалогот. Но, Косово не е тоа кое го условува дијалогот, иако има многу причини да го стори тоа, истакна Красниќи.

Тој смета дека дијалогот со Белград треба да го води преговарачкиот тим избран од Собранието и предводен од лидерот на Нисма, вицепремиерот Фатмир Лимај, а не претседателот на државата Хашим Тачи, на чија идеја за „корекција на границата со Србија“ исто така остро се спротивставува.

 

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Ако Србија реши да војува, на Косово нема да му помогнат ниту милион „Џавелини“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во огромни колони, Србите од Косово одат да гласаат во централна Србија

Катерина Ѓуровски

Европските парламентарци бараат Србија да го екстрадира Милан Радоичиќ на Косово

А1он

Српскиот претставник одби да игра против својот ривал од Косово и се повлече од турнирот

(ВИДЕО) Косовската полиција објави снимки: Нападот во Бањска бил за анексија на северот на Косово

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Паѓа град со големина на јајце, дува силен ветер: Силно невреме во Србија

Орце Костов