Косовскиот премиер повика на максимално внимание за да се избегне целосно затворање на земјата

Од:

Косовскиот премиер Авдулах Хоти ги повика граѓаните на максимално внимание и солидарност, со цел да се избегне целосно затворање на земјата поради епидемијата на Ковид-19.

Хоти претпладнево преку својата страница на Фејсбук предупреди на нов бран на пандемијата и нагласи дека институциите во Косово ги преземаат потребните дејствија за соочување со порастот на бројот на заразени.

Зголемувањето на капацитетите за тестирање на сомнителните случаи, планот на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово за активирање на дополнителни болнички кревети во приштинската и регионалните болници, зголемената контрола во училиштата и редовна седмична комуникација со меѓународните партнери, се дел од мерките за справување со здравствената криза кои ги набројува косовскиот премиер.

-Меѓутоа, потребно е да покажеме максимално внимание на работа, во училиште, во бизнисите, на улица и во секоја активност која подразбира собирање на луѓе. Треба да се има разбирање за да се избегнат сите јавни собири од секаква природа, како што препорачуваат Министерството за здравство и Националниот институт за јавно здравство на Косово, порача Хоти.

Бројката на активни случаи на Ковид-19 моментно во Косово изнесува 1.485, со тоа што само во последните недела дена таа е зголемена за околу 300. Од појавата на епидемијата, според последните официјални податоци, евидентирани се 16.754 носители на вирусот, од кои 14.617 се излекувани, додека 652 починале.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски