Косовскиот премиер Хоти доби поддршка од Меркел

Од:

Новиот косовски премиер Авдулах Хоти, кој беше именуван на таа позиција минатата среда, на 3 јуни, објави попладнево дека примил честитки за изборот на чело на косовската Влада од германската канцеларка Ангела Меркел, како и од претставник на францускиот претседател Емануел Макрон, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку својата страница на Фејсбук, Хоти изрази задоволство поради честитката на Меркел и нејзината готовност за соработка и натамошна поддршка на Косово.

– Задоволство ми е да ја споделам честитката која ја примив од нејзиното височество, германската канцеларка Ангела Меркел, која исто така изразува готовност за соработка и натамошна поддршка на Република Косово, напиша Хоти.

Во истата објава, тој информира и за телефонскиот разговор кој денеска го имал со Емануел Боне, дипломатски советник на францускиот претседател Макрон, кому се заблагодарил за француската поддршка за Косово.

– Денеска имав и срдечен разговор со г. Емануел Боне, дипломатски советник на претседателот на Франција Емануел Макрон, кому се заблагодарив за поддршката во минатото и подготвеноста на Франција да го помогне Косово на неговиот пат кон евроатлантските интеграции, напиша Хоти.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски