Косовска полиција: Три пати бевме нападнати на пат кон Брњак, одговоривме на нападот

Од:

Косовската полиција денеска соопшти дека во три различни случаи биле нападнати со огнено оружје од, како што наведоа, „криминални групи“, на патот што води кон административниот премин Брњак и дека поради тоа биле принудени да одговорат, по што напаѓачите „повлекле во непознат правец“.

Според полицијата, напади имало и на неколку други локации, пренесе „Коха диторе“.

Како што се наведува во соопштението, полициските единици биле принудени да одговорат на нападите со огнено оружје.

Според информациите на полициските единици на терен, се слушнале и истрели на повеќе различни локации, се вели во соопштението.

Од полицијата потенцираат дека засега нема официјални информации дека некој е повреден или дека е причинета материјална штета.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Приштина, „летаа“ и димни бомби – се бара оставка од Курти

Горан Наумовски

Пет членки на ЕУ не го признаваат Косово, Блинкен: Договорот меѓу Србија и Косово ќе ги охрабри

Ана Ололовска

Курти ги повикува Србите да се вратат во институциите и да учествуваат на изборите

Горан Наумовски

Курти од косовски Че Гевера до премиер – кожњак, долга коса, локни

А1он

Пукање во хотел во Приштина: Една жртва, двајца повредени

Катерина Павлова-Николовска

Вучиќ: Нема да потпишам ништо утре во Охрид

Горан Наумовски