Косово со план за справување со коронавирусот

Од:

Комитетот за следење на заразните болести формиран од Министерството за здравство на Косово усвои План за готовност и реагирање при евентуална појава на коронавирусот, Ковид-19, кој ги содржи активностите кои се преземени во случај да се јави потреба од справување со вирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според денешното соопштение на Министерството за здравстево, со планот се опфатени речиси сите јавни здравствени установи, организациите и владините агенции, како и Безбедносните сили (ФСК) и Полицијата на Косово. Доколку се јави потреба, Комитетот ќе побара од Владата формирање карантин.

– Планот ги одредува задачите за секоја институција која има одговорност во неговото спроведување и предвидува реакција на секое можно сценарио во случаи на евентуална епидемија: од лесно до жестоко сценарио, се вели во соопштението.

Комитетот информира дека во моментов во Косово нема случаи со коронавирус, а моментно работи на информирање на населението, со оглед дека, како што се наведува во соопштението, „забележливо е дека, во недостиг на информации, има лица кои понекогаш, можеби и ненамерно, предизвикуваат конфузија и паника со половични информации околу третирањето на проблемот во Косово“.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски