Косово: Осуммина починати и 767 новозаразени од Ковид-19, рекорден број тестови

Од:

Во Косово во минатите 24 часа за прв пат се извршени над две илјади тестови според методот РТ-ПЦР и притоа се откриени нови 767 заболени од Ковид-19.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вчера се регистрирани и нови осум смртни случаи на лица заразени од коронавирусот, со што бројката на жртви на епидемијата се искачи на 784.

Вкупно од почетокот на пандемијата, вклучително вчерашните 2.178, во лабораторијата за микробиологија на ИКШПК и во приватни клиники се извршени 113.738 тестови.

Во изминатите 24 часа како излекувани се евидентирани 186 пациенти, додека вкупно досега болеста ја совладале 16.685 лица кај кои е откриен вирусот.

Според официјалните податоци, активни носители на вирусот моментно во Косово се 9.418 случаи.

Од утре, 13 ноември, во земјата стапуваат во сила нови мерки за заштита од ширењето на епидемијата, меѓу кои е карантинот и полицискиот час во општините со најголем процент на заразени.

Жартиште на епидемијата е главниот град Приштина, во кој досега се потврдени повеќе од 9.500 носители на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане