Коронавирус откриен во градинка во Бугарија, заразени најмалку деветмина

Од:

Бугарските власти затворија градинка во селото Сливо Поле кај Русе, откако при тестирање на персоналот е откриен коронавирусот.

Според медиумите, заразени се деветмина вработени, што е половина од персоналот. Градинката ќе остане затворена до 15 септември, соопштија здравствените власти.

Првиот случај на Ковид-19 бил потврден во понеделникот кај еден од вработените во градинката. Две лица се наоѓаат во болница и се во генерално добра здравствена состојба, а седуммина се во домашна изолација, исто како и 19 деца од две групи.

Засега не е познато како вирусот се појавил во градинката, а и родителите и директорот на градинката велат дека ги почитувале сите заштитни мерки против ширењето на вирусот.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори