Конститутивна седница на новиот Хрватски сабор

Од:

Хрватскиот Парламент денеска прв пат во историјата одржува конститутивна седица без да има парламентарно мнозинство.

На седницата треба да присуствуваат сите избрани 151 пратеници, од кои 76 првпат влегуваат во Хрватскиот сабор. Најмладиот пратеник има 25 години, а најстарата пратеничка 70.

Саборот денеска треба да избере претседател, што е услов за формирање на законодавниот орган. Засега единствен кандиат е Жељко Реинер од конзервативната Хрватска демократска заедница (ХДЗ). Се очекува и левицата, предвоена од Социјалдемокраската партија (СДП), како и партијата Мост да предложат свои кандидати.

Првпат изборот на претседателот е неизвесен, бидејќи во моментов во Саборот нема парламентарно мнозинство. И левите и десните партии би можеле да го прифатат предлогот на Мост, но сепак за да може оваа партија да номинира свој кандидат ќе и бидат потребни уште дополителни 30 потписи, бидејќи претседателот на Парламентот треба да биде предложен од најмалку една третина од пратениците.

Досегашниот претседател Јосип Леко, кој ќе раководи со денешната седница изјави дека доколку ова прашање не биде решено, конститутивната седница ќе биде одложена, додека политичките партии не се договорат за составување на потребното мнозинство.

Според експертот за уставни прашања Мато Палиќ, предвидени се три обиди за конституирање на Парламентот и за давање мандат за составување влада. Доколку сите три обиди се неуспешни, претседателот на државата треба да закаже нови избори и да назначи времена непартиска влада.

На изборите на на 8 ноември коалицијата предвоена од ХДЗ освои 59 мандати во 151-члениот Парламент, коалицијата предводена од СДП 56, а партијата Мост 19 мандати. Ниту една од партиите нема доволно мнозинство за самостојно составување влада.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами