Конститутивна седница на новиот Хрватски сабор

Од:

Денеска на пладне во Загреб ќе започне продолжението на конститутивната седница на новиот Хрватски сабор, чии членови беа избрани на 8 ноември.

Како што јави Хина, хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ продолжението на седница го закажа во средата, откако Татковинската коалиција, предводена од Хрватската демократска заедница (ХДЗ), и партијата Мост постигнаа договор за формирање парламентарано мнозинство и го предложија бизнисменот Тихомир Орешковиќ за мандатар за состав на новата влада.

Конститутивната седница започна на 3 декември, но набрзо беше прекината, откако единствениот кандадат за претседател на Саборот, Роберт Подолњак од партијата Мост ја повлече својата кандидатура, затоа што беше јасно дека нема да добие доволно гласови за да биде избран на функцијата, во услови кога не постоеше договор меѓу поголемите партии.

Согласно „договорот за соработка“ меѓу Татковинската коалиција и Мост, кандидат за претседател на Саборот ќе биде Жељко Рајнер од ХДЗ, кој се очекува да биде избран на функцијата без проблеми, имајќи предвид дека нивното парламентарано мнозинство брои 78 пратеници, а за избор се потребни најмалку 76 гласа.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами