Константин Попов: Ја поздравуваме Северна Македонија

Од:

Ратификацијата на пристапниот Протокол на Северна Македонија во НАТО денеска го мина првиот чекор низ парламентарните филтри на бугарскиот Парламент, добивајќи поддршка од матичната Комисија за одбрана.

Претседателот на комисијата за одбрана, генерал Константин Попов, пред колегите кажа дека Бугарија пред 27 години прва безусловно ја призна Македонија под нејзиното уставно име и како самостојна и независна држава, јави БГНЕС.

-Бугарија ги убеди и Турција и Русија, исто така, да ја признаат нејзината независност. Денеска Бугарија по уште еднаш ги изрази своите добри намери кон нашиот сосед. Ја поздравуваме Северна Македонија за нејзиното членство во Северноатлантскиот сојуз, изјави Попов по гласањето во Комисијата за одбрана на бугарскиот Парламент.

Според него, Северна Македонија може да смата на целосната бугарска поддршка и содејство за целосното приклучување кон НАТО.

-Бугарија годинава ќе одбележи 15 години од своето членство во Алијансата и со радост ќе го поведеме нашиот сосед и ќе го споделиме нашето искуство од членството во сојузот. Тоа е уште еден чекор кон зацврстувањето на стабилноста и развојот на Западен Балкан, како и проширувањето на можностите за соработка, изјави генералот Попов.

Би можело да ве интересира

Собранието гласаше возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“ да важат до крајот на годината

Предраг Петровиќ

Грчкото МНР ги известува земјите низ светот дека непроменетите македонски пасоши стануваат неважечки

А1он

Бугарското собрание утре ќе гласа за предлог владата на Николај Габровски

Неуспешен првиот обид за избор на претседател на новиот бугарски парламент

А1он

Бугарскиот парламент ги ратификуваше протоколите за прием на Шведска и на Финска во НАТО

Катерина Ѓуровски

Пет протести пред бугарското Народно собрание за време на дебатата за гласање недоверба на владата на Петков