Комисија во српскиот Парламент в среда ќе расправа за Предлог-резолуција за воведување санкции против Русија

Од:

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на српското Собрание, Борко Стефановиќ, закажа за в среда состанок на комисијата, на која ќе се расправа за Предлог-резолуцијата за усогласување на надворешната политика на Србија со Европската унија, како и за воведување одредени санкции против Русија.

Стефановиќ во денешното соопштение наведе дека досега не ја закажал седницата, бидејќи го чекал извештајот и анализата на МНР за усогласувањето на Надворешната политика на Србија со ЕУ, пренесе Бета.

„Седницата ќе биде можност сите партии да ги изнесат своите аргументи преку отворена дебата, по што ќе може да се гласа“, неведе тој.

На седницата, како што додаде Стефановиќ, ќе се расправа и ќе се одлучува за сите останати пристигнати иницијативи и предлог-резолуции поднесени од пратеничките групи во српскиот Парламент.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ