Комерсант: За Вучиќ и Путин шпионскиот скандал е минато

Од:

За претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин, „шпионскиот скандал“ очигледно остана во минатото, пишува московскиот весник „Комерсант“ во текст посветен на вчерашната средба на двајцата претседатели во Сочи.

Никогаш досега го немаме видено Вучиќ, толку просветлен и толку полн со обожавање на Путин. Очигледно, за обајцата политичари, шпионскиот скандал остана во минатото, при што (за некои) многу дамнешно минато, пишува известувачот од Кремљ на Комерсант, Андреј Колесњиков.

Во написот под наслов „Србинот наш насушен“, весникот додава дека Вучиќ „го удавил рускиот претседател со лавина љубов, зборувал исклучиво на руски јазик, иако протоколот во вакви случаи не го подразбира тоа“.

Комерсант пишува дека средбата, заедно со ручекот, траела околу три часа, и дека Вучиќ, излегувајќи пред новинарите, „изгледал како среќен човек“, кој, како што се испостави, „немаше намера тоа да го скрие “.

Комерсант наведува дека во разговор со бројните српски новинари, му било кажано дека ќе се постави прашање за шпионскиот скандал, но по средбата, „такво прашање српската страна не можела ни да постави“.

-Вакво прашање на Вучиќ по неговата патетичност без преседан би изгледало не само дрско, туку и неприродно, пишува Комерсант во текстот, во кој се додава да „Вучиќ буквално ги туркаше разговорите за продолжување на транзитот на гас, играјќи на страната на рускиот претседател, а од друга страна, стави на знаење дека Путин му дозволил да купи гас на други места, ако има потреба, т.е. се осигура доколку преговорите со Украина завршат во ќорсокак“ , проценува Комерсант.

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ