Колинда Грабар Китаровиќ очекува Хрватска да го воведе еврото до 2020 година

Од:

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ очекува дека нејзината земја до 2020 година ќе го воведе еврото како национална валута, иако оваа најмлада членка на ЕУ одбива да одреди датум во врска со ова прашање.

Воведувањето на еврото е едно од несогласувањата меѓу Грабар Китаровиќ и премиерот Зоран Милановиќ.

Според шефицата на хрватската држава, воведувањето на заедничката европска валута во следните пет години е важно за хрватската економија. Таа смета дека подготовката на економијата за пресудни предизвици, вклучувајќи го и воведувањето на еврото, бара поголема соработка меѓу работниците и работодавците, но и инвеститорите кои ќе бидат подготвени да вложуваат и во континенталниот дел од земјата – далеку од туристички ориентираниот и доминантен јадрански брег.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами