Кој да седне на премиерското столче: Дачиќ или Тадиќ

Од:

Преговорите за формирање на нова влада во Србија добија нов пресврт, но проблемот се уште е ист, премиерското столче.

СПС е се поблиску до коалицирање со ДС, но Дачиќ не сака да биде во сенка на премиерот Борис Тадиќ.

Ивица Дачиќ, лидерот на СПС се уште не може да ја реши дилемата која ја мачи и Србија, дали неговата партија да биде сојузник на демократите во владата на Борис Тадиќ, или самиот да биде премиер и да прифати коалиција со прогресивната СНС.

На која страна ќе тргне Србија, зависи од СПС. Тие веќе ги разгледаа двете варијанти и наскоро треба да пресечат.

Отплеткување на овој јазол зависи и кои ќе бидат идните министри.

Ако тргнат со Тадиќ, ќе функционираат во сенката на демократите. Доколки пак се одлучат за проглесивците на грб ќе ја преземат целата одговорност за иднината на државата.

Прогресивците го чекаат нивниот одговор. Лидерот на СПС, Александар Вучиќ веќе изјави дека доколку постигнат договорот за каолиција помеѓу СНС и СПС, министерскиот кабинет ќе биде готов за неколку денови.

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ