Кои се либертаријанците?

Од:

Индекс – Загреб

Во последно време во јавниот простор се повеќе се спомнуваат либертаријанците и либертаријанизмот. Дури и премиерот Милановиќ во некој чуден модус изјави дека е близу до тоа да се нарече либертаријанец.

Тоа само покажува колкава збунетост владее во Хрватска кога станува збор за поими од политичката филозофија, па можеби и не би било лошо од време на време да се објаснат некои работи.

Основни принципи

Либертаријанизмот или како некои што го нарекуваат класичен либерализам, е правец на мислење кое своите корени ги влече уште од Адам Смит, Џон Лок, Фредерик Бастиат и цела низа мислители кои произлегле од тоа интелектуално движење.

Иако идејата со време се разгранувала и денес постојат различни толкувања за тоа што се смета за „либертаријанизам‟, некои основни принципи сепак се испрофилираби и остануваат заеднички за сите либартаријанци. Тоа се:

1. Неповредливост на приватната сопственост и самопоседувањето

Овој принцип вели дека секој човек има секако и неотуѓиво право на неповредливост на приватната сопственост. Никој нема морално право со сила да присвои она што му припаѓа на друг човек, како ни плодовите од неговата работа.

Освен тоа, либертаријанците сметаат дека секој човек се поседува сам себе, од кое следи дека секој има право самостојно да донесува одлуки кои се однесуваат на неговиот живот и насоките на делување.

2. Принцип на доброволна соработка

Под правото на самопоседување следи дека секој поединец има право да бира со кого сака, а со кого не сака да соработува. Негативно кажано, никој нема право да користи физичка сила за друго лице да го присили на соработка против негова волја. Овој принцип уште се вика и „принцип за неагресија‟, познат под кратенката НАП (од англиското – non-aggression principle).

Либертаријанците така сметаат дека цивилизираните општества треба да се стремат кон такво општествено уредување кое се стреми кон минимализација на присила и принуда, односно кое се темели на доброволни општествени односи.

Во колизија со современите сфаќања на државата

Ако го погледнеме начинот на кој функционираат современите држави, ќе видиме дека големото мнозинство функционира по принцип на принуда и присила. Така Лудвиг вон Мисес (истакнат економист од Австрија) ја дефинира државата како „општествено средство за принуда и присила‟.

Ова пак не значи дека сите либертаријанци се анархисти, но тоа што на сите им е заедничко е дека сакаат државата да биде што послаба, за да се ослободи простор за доброволни односи, а принудата да се сведе на потребниот минимум.

Работите како присилно даночење, присилно пензиско штедење, присилни придонеси за јавното здравство, инсистирање на градежни дозволи при изградба на приватно земјиште, очигледно го нарушуваат принципот на неповредливост на приватната сопственост.

Прописите како тие за задолжително носење на кацига за моторџиите, користење на безбедносен појас во автомобил или забрана за конзумирање на илегални супстанции, очигледно одат против начелото за самопоседување.

Принципот за доброволна соработка е прекршен секогаш кога сте присилени да соработувате со некои државен службеник. На пример, соработка со државни инспектори (градежни, пазарни, даночни) или поранешните инкасатори на ХРТ.

Социјалните програми кои на поединци им ја одземаат можноста за одбивање на соработка со други поединци врз основ на нивните сопствени критериуми (на пример, антидискриминациски закони) исто така претставуваат вид на државна принуда. Законот за задолжително образование ги присилува родителите да соработуваат со директорите на училиштата, додека Законот за труд оневозможува на работникот и работодавецот самостојно и слободно да ги дефинираат условите на соработка од кои двете страни ќе имаат корист.

Од овие примери некој би можел да заклучи дека либартаријанизмот е антисистемска политичка опција, која повикува на радикално рушење на постоечкиот економско-политички поредок. Тоа може и не мора да биде вистина, ако имаме на ум дека либертаријанизмот пред се е морална позиција, која не исклучува можност за политички компромис со цел за реализација на помало општествено зло.

Најчести несогласувања

Со оглед дека во Хрватска станува збор за релативно нова идеја, која од неодамна ги пронаоѓа своите протагонисти во главните медиуми, не треба да не чуди дека идејата за либертаријанизмот често се сфаќа погрешно. Така настануваат многу несогласувања, од кои најчести се следните:

1. Либертаријанците промовираат себичност

Ова е најчесто обвинување, кое имплицира дека луѓето кои промовираат идеја за слобода тоа го прават само од себични причини, бидејќи се гледаат само себеси и другите не ги интересираат. Таа теза никако не произлегува од погоре наведените основни принципи.

Како и во секоја друга група, така и меѓу либертаријанците има себични и несебични луѓе. Само затоа што некои сметаа дека не е морално физички да се присилува едно лице да помага на друго, не значи дека со самото тоа смета дека да се помага на другите е нешто лошо и дека луѓето тоа не треба да го прават.

2. Либертаријанците се социјално нечувствителни

Вистина е дека либертаријанците се големи противници на т.н. „социјална држава‟ која се сведува на тоа државата да краде од едни за да даде на други (и притоа 4/5 од износот да го потроши во процесот).

Либертаријанците точно согледуваат дека институциите на социјалната држава најмногу користат на бирократите кои ги вработуваат, а најмалку на сиромашните и потребите. Залагањето за укинување на социјалната држава не е исто што и залагање за тоа да се укине помошта на тие на кои им треба помош.

Многу либертаријанци сметаат дека помагањето на блиските е добра и благородна работа, па голем дел од нив редовно донираат свој дел од доходот во приватни хуманитарни фондации.

3. Либертаријанците се утописки пацифисти

Принципот на неагресија понекогаш погрешно се толкува како облик на утописки пацифизам. Од една страна, вистина е дека либертаријанците по правило се против воени интервенции надвор од државните граници (американските либертаријанци можеби се најпознати токму по тоа), бидејќи сметаат дека задача на војската е да ги чува границите од надворешниот непријател, а не со сила да интервенира на туѓа територија.

Од друга страна, либертаријанците во целост ја оправдуваат примената на физичка сила во случај на загрозување на физичкиот интегритет или повреда на приватната сопственост. Поради тоа либертаријанците по правило се залагаат за право на граѓаните на слободно поседување на огнено оружје, со цел безбедноста на нивните семејства и имотот да не зависат само од (не)ефективноста на државните сили на редот.

4. Либертаријанците се антирелигиозни

Тезата дека либертаријанизмот и религијата се во контрапозиција доаѓа од поистоветувањето на целото движење со специфичната филозофија на американската авторка Ени Ранд. Но, како и во се, либертаријанците по прашањето за односите кон религијата можат многу да се разликуваат.

Така ја имаме веќе наведената Ени Ранд (антиатеистка), Мараја Ротбард (агностик), итн. Она за што сите либертаријанци се согласуваат е дека користењето на каков било облик на физичка присила не е прифатливо средство за ширење на какви било идеи, вклучувајќи ги и верските пораки.

Универзална морална сила

Без оглед на тоа дали некој целосно и до крајни консеквенци ги прифаќа начелата на либертаријанизмот или не, тешко е да се согледа неговата универзална морална сила. Никој не сака да биде физички присилен да работи нешто што не сака, никој не сака од него да се краде, никој не сака кога му се одзема можноста за слободно да располага со својот имот.

Имајќи го тоа на ум, тешко е да се негира дека светот би бил многу поубав ако што повеќе луѓе живеат според едноставното либертаријанско начело – Live and let live, односно живеј и пушти ги другите да живеат.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами