Коалицијата предводена од Ѓукановиќ победи на локалните избори во Подгорица

Од:

Коалицијата „За европска Подгорица“, предводена од црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ освои 47,2 проценти од гласовите на локалните избори во црногорската престолнина, соопшти невладината организација Центар за демократска транзиција, по обработени 70 отсто од изборниот материјал.

– Тоа се официјални резултати, изјави претставничката на Центарот за демократска транзиција Милица Ковачевиќ. Таа истакна дека тој резултат не дава апсолутна власт ниту на водечката коалиција Демократска партија на социјалистите, ниту на другите изборни листи.

Портпаролот на ДПС Часлав Вешовиќ изјави дека врз основа на обработените 55 отсто од изборниот материјал оваа партија освоила наад 49 проценти на вчерашните локални избори во Подгорица.

Тој рече дека тоа ја гарантира апсолутната власт на Демократската партија на социјалистите и на нејзините коалициски партнери во Подгорица.

Вешовиќ рече дека ДПС и нејзините партнери освоиле апсолутна власт во Плевље, каде досега таа партија беше во опозиција.

Локални избори се одржаа вчера во 11 црногорски општини и во престолнината Подгорица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски