Клуч на врата на црквите во Грција, со бројче во супермаркетите

Од:

Црквите затворени, бројчиња за влез во супермаркетите, ограничување на бројот на луѓе во аптеките, поштите, фурните, затворени кафулиња, ресторани и детски игралишта, ваква е денеска сликата во Атина, а Грците полека се прилагодуваат на новите превентивни мерки за заштита од ширењето на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина, по обиколката во грчката престолнина.

Од вчера, воведени се посебни правила за работата на супермаркетите, а црквите, со одлука на грчката Влада, ќе бидат отворени само за индивидуални молитви и погреби во најтесниот круг.

„Вонредно соопштение. Со одлука на Владата се откажуваат сите литургии и обреди додека не стигне ново соопштение. Храмот останува отворен за молитви, секој ден од 8.30 до 10.30 часот и од 17 до 18.30“, пишува во соопштението на влезот на една црква во Атина.

По едно лице на десет метри квадратни и растојание од два метра меѓу муштериите се мерките што веќе се спроведуваат и важат за супермаркетите, банките, аптеките, фурните, поштите и слично.

Ред се чека надвор, а соодветно со големината на просторот е и дозволениот број клиенти во внатрешноста. Според она што дописничката на МИА го пренесува од Атина, во аптеките е максимум до двајца, во поштите – тројца, во банките најмногу до пет лица.

Супермаркетите работат со посебни правила. На влезот, секој добива бројче, кое на излегувањето треба да го врати. Во внатрешноста, постојано, преку разглас, вработените ги потсетуваат граѓаните меѓу себе да го држат потребното растојание, а лифтовите иако се големи, дозволено е да ги користи само по еден муштерија.

На касите, обележани се секои два метри за да се држи потребното растојание.

Во некои од маркетите, поради новите правила, има редици за влез.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески